Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19.
Воедно, регистрирани се и 50 оздравени пациенти. Во последните 24 часа пријавени се шест смртни случаи за кои се тврди дека се последица од коронавирусот. Бројот на активни случаи според Министерството за здравство во моментов е 999.
За прв пат по точно една година, активни случаи има под илјада. Последен пат тоа било на четврти јуни минатата година.