Денеска и утре на едно симболично место, железничката станица Ѓуешево во Р. Бугарија- последната железничка станица на бугарска територија од Коридорот број 8, се одржува првиот македонско-бугарски собир, по иницијатива на креаторите на емисијата „Коридор 8“ Георги Станков и Атанас Величков.
Основната идеја на емисијата е луѓето од двете страни на границата да започнат да комуницираат и да се запознаваат еден со друг, без тензии и манипулации, да разговараат за нормални теми како нормални луѓе.
На собирот кој што е целосно финансиран од самите учесници, се присутни луѓе од Бугарија и РС Македонија.
Иницијаторите на собирот имаат намера истиот да го направат традиционален.
Следното издание на македонско-бугарскиот собир за пријателство „Коридор 8“ ќе се одржи наредната година на територијата на РС Македонија.