Вистинската храна за нашето тело прави многу повеќе од само одржување на посакуваната линија и обезбедување чувство на ситост, а ако сте меѓу многуте кои бараат докажан и ефикасен извор на младост, посветете поголемо внимание на она што го внесувате во себе.
Еве кои намирници треба почесто да се наоѓаат на менито во борбата со годините:
1. Батат – сладок компир
Една студија од Journal of Evolution and Human Behaviour вели дека исхраната богата со овошје и зеленчук го враќа здравиот младешки сјај на кожата. Истражувачите откриле и дека луѓето кои јадат црвено и портокалово овошје и зеленчук секој ден имаат подобар тен од оние кои не го консумирале толку често.
Се претпоставува дека причина за тоа се каротеноидите, соединенија кои помагаат во борбата против разни болести а кои им даваат боја на црвено и портокалово овошје и зеленчук. Сепак, нема многу храна богата со каротин – кој се претвора во витамин А во организмот – но може да добиете оптимална количина од слаткиот батат, кој содржи дури 156 проценти од препорачаната дневна доза.
2. Путер од бадеми
Бадемите се храна која има широк спектар на хранливи материи – вклучувајќи протеини и здрави масти – што ги прави идеални за одржување на здравјето и јачината на косата, а помага и витаминот Е, со кој овие ореви се богати.
Едно осуммесечно истражување покажало дека на мажите кои внесуваат доволно витамин Е косата им расте побрзо и поздраво, а половина од препорачаниот дневен внес може да го добиете од само една порција (две лажици) путер од бадем.
3. Хидролизиран колаген
Иако има храна што го поддржува природното производство на колаген во организмот, студиите покажуваат дека земањето додатоци на колаген има особено добар ефект врз изгледот на кожата.
Студија објавена во списанието Skin Pharmacology and Physiology покажала дека оние кои земале хидролизиран колаген еднаш дневно, имаат значително поеластична и „погуста“ кожа. Овој вид колаген доаѓа како прашок, па затоа е најдобро да го додавате во смути.
4. Шитаке печуркиЕдна од причините за рано појавување на сивата коса е недостатокот на бакар во телото. Студија од списанието „Biological Trace Elemental Research“ открива дека луѓето кои се рано побелеле, имале значително помалку бакар во нивните тела отколку контролната група на испитаници.
Имено, бакарот му е потребен на организмот за производство на пигмент на кожа и коса, а печурките шитаке се едни од најдобрите извори на тој елемент. Само половина чаша од овие печурки обезбедува дури 72. проценти од препорачаниот дневен внес на бакар – и тоа со само 40 калории.
5. Чедар сирење
Студија објавена во списанието „General Dentistry“ покажала дека конзумирањето на ова сирење ја доведува pH вредноста во устата на идеално ниво кај испитаниците кои не миеле заби 48. часа. Покрај тоа, соединенијата од сирењето кои се фаќаат за забната глеѓ, исто така помагаат во одбрана од киселина.
6. Вода со лимон
Солена храна, алкохол, вежбање, топлина или едноставно недоволен внес на течности може да создаде воспаление во телото, што резултира со надуеност и потемен тен и темни кругови. Идеален пијалок за да останете хидрирани е ладна вода со парче лимон.
7. Посно говедско месо
Исхраната богата со протеини, железо и цинк е, наводно, единствениот вистински пат до долгите, јаки и здрави нокти. И сите овие три хранливи состојки може да се добијат од помало парче посно црвено месо, според неодамнешното истражување на списанието „The European Academy of Dermatology and Venereology“.
8. Домат
Едно истражување покажало дека шансите за меланом на кожата се помали кај луѓето кои се хранат со т.н. „Медитеранска исхрана“.Храната богата со антиоксиданси е полна со светло обоени овошја и зеленчук, и тие можат да помогнат во борбата против оксидирачкиот ефект на УВ зраците. Со самото тоа, потрошувачката на домати обезбедува дури 33% поголеми шанси за одбрана на организмот од меланом, пренесува Eat This.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.