Репрезентациите на Шведска и Чиле беа пресилни за нас, последната шанса се вика Чиле за освојување на третата позиција која исто така води во следната фаза.
Македонската репрезентација денеска ќе го има третиот натпревар од 15.30 часот против јужноамериканскиот претставник со кој се тестиравме во Скопје пред настапите на Светското првенство и двапати го совладавме (25:21, 28:24).
Секако, тие беа само пријателски мечеви, но сега дуелот е од различен карактер, избраниците на селекторот Данило Брестовац се свесни дека сликата на теренот мора да биде подобра и покажат во овој момент барем вредат за учество во втор круг каде што би имале уште три натпревари, со Белорусија, Русија и Словенија, во новата група „4“.
Лазаров: Чиле е шансата, да губиш со 18-19 голови разлика, тоа не е добро за нас!
Во спротивно, ќе играме во „Президент купот“, поточно за пласман од 24 до 32 позиција на Мундијалот, каде што можно е да се соочиме во група со Јужна Кореја, Австрија и Мароко (група „2“).
Македонија мора да триумфира, а за Чилеанците ќе биде доволен и бод поради подобрата гол-разлика.
Во минатото славевме на светските шампионати против нив, во 2013 година во прелиминарната рунда (30:28) и во 2019 година во битката за 15 место (32:30).
– Претходно се соочивме со Чиле и ги знаеме нивните квалитети, но мораме да одиграме многу подобро од претходните два меча во групата со цел да се пласираме во вториот круг – вели пивотот на нашата репрезентација, Никола Маркоски.
Противникот не размислува на реми и се надева на триумф..
– Мораме да се подготвиме најдобро што можеме, да се бориме и победиме против Македонија – рече чилеанскиот селектор Матео Гаралда.
– Нашата цел е да победиме за да се најдеме во следната фаза. Мораме да ги намалиме грешките кои ги направивме во првите два натпревари на СП – се зборовите на левиот бек на Чиле, Ервин Фојчман.