Mинистерството за внатрешни работи ја демантира, како што велат, лажната објава на социјалните мрежи на лицето Блерим Ахмеди дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест за денеска во 13.30 часот.
Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење.
Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста.
И според информациите, требаше да има протест. Но тој не беше организиран од семејствата на осудените во случајот „Монстрм“, туку токму од лицето Ахмеди. Уште во текот на денешниот ден семејството на осудените порачаа дека тие не се организатори на денешниот протест и дека тие ќе протестираат на 2-ри април.