Пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска порача дека протестите против дигитализацијата на учебниците се фијаско на ВМРО-ДПМНЕ. Како што се вели опозицијата во Собранието, но и надвор не се откажува од блокадата на реформите во образованието и дигитализацијата на наставниот процес.
-Со недели ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира и лаже јавноста дека ќе се укинуваат предмети, дека учениците ќе останат без учебници, со цел да блокира реформи кои се во интерес на образованието, наставниците и учениците. Вчера, повторно се случи фијаско на протестите каде освен активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ немаше други граѓани, што покажува дека јавноста не дава поддршка на деструктивните политики на партијата предводена од Христијан Мицкоски.
Новото фијаско на вчерашните протести потврди дека на ВМРО-ДПМНЕ не му се важни учениците, не му е важно образованието, туку важно им е само да ги кочат реформите во образованието.
Во таа насока се и најавите за организирање референдум за кои и самите ВМРО-ДПМНЕ знаат дека нема да биде успешен.
Замислете, партијата која 11 години го поткопуваше образованието, која ги малтретираше учениците и вршеше притисок врз наставниот кадар, денес кога дигиталните уреди се широко достапни се противи на модернизација на образованието, на олеснување на образовниот процес на учениците, вели пратеничката на СДСМ.