Десетици илјади демонстранти денеска излегоа на протести во повеќе руски градови за да искажат поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални и да побараат негово ослободување.

На протестите, според извештаите во медиумите, се уапсени над 1 000 луѓе. „Ројтерс“ јавува, пак, и за бројка од над 1 500 уапсени. Бројките на кои се повикува оваа новинска агенција се од граѓанското движење за набљудување на протестите, ОВД-Инфо, според кое приведени се најмалку 1 614 лица во цела Русија, вклучувајќи ги тука и 513 апсења во Москва и 212 во Санк Петербург.

– Advertisement –

Меѓу уапсените била и сопругата на опозиционерот, Јулија Навални, која потоа била ослободена. Таа самата соопшти дека е уапсена со објава на социјалните мрежи.

Различни се и бројките за масовноста на протестите. Повеќето медиуми наведуваат дека само во Москва се собрале над 40 000 демонстранти, додека властите велат дека биле околу 4 000.

Прикажи повеќе