Илјадници луѓе излегоа на улиците на Париз, главниот град на Франција, во знак на протест поради трошоците за живот во земјата и нечувствителноста во борбата против климатските промени.
Демонстрантите, организирани од левичарските партии и синдикати, побараа повисоки плати, поголемо оданочување на профитот на големите компании и други чекори за ублажување на ефектите од зголемената инфлација.
Социјалната и еколошката нова народна унија, која ги претставува Зелените и левицата, исто така, го поддржа протестот. На протестите учествуваа и луѓе од различни градови како Лил, Марсеј и Руен.
Демонстрантите бараат повисоки плати, поактивна политика во борбата против климатските промени и напуштање на контроверзната пензиска реформа, едно од главните ветувања на францускиот претседател Емануел Макрон во кампањата за претседателските избори.
Освен тоа, организаторите на протестите бараат замрзнување на цените на енергијата, основните стоки и кириите.