Пред Собранието се одржуваат протести во организација на Сојузот на синдикати на Македонија за работничките права. Пред се тие бараат недела да биде неработен ден, како што велат, наместо да одмараат тие одат на работа. Воедно порачуваат дека работничката класа живеела и ќе живее достоинствено.
Од протестот порачаа дека пратениците останале „глуви“ на барањата на Сојузот на синдикатите и работниците, кои како што велат не сакале да ги изгласаат нивните барања, поради тоа изглегле на улица, односно пред законодавниот дом за да го изразат незадоволството.