
Илјадници луѓе попладнево во Лондон протестираа против пасошите за вакцини и мерките за заклучување поради пандемијата.
Маршот започна во 13 часот, а демонстрантите извикуваа „слобода“ и „знаеме каде завршува зајачката дупка“, објави британски „Мирор“.
Трасата на маршот не беше обелоденета пред тој да започне, а активистите ја насочија толпата по улиците со обоени сигнали од чад.