Вработените во јавниот сектор од денес се во генерален штрајк откако на вчерашната средба ССМ и владините преставници не се договорија за зголемувањето на платите во јавниот сектор.

ССМ го започна протестот во 10 часот пред Собранието и ќе трае до 14 часот при што ќе има и посебен сообраќаен режим.

Пред Собранието беа поставени 120 столчиња кои ги претставуваат пратениците, од кои се бара да го прифатат амандманот на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.