Еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност, но и финансиска помош за секоја туристичка лиценцирана агенција . Ова се барањата на угостителите и туристите, кои се собраа на протест пред Министерството за финансии.
Под мотото „Ќе можете ли“ сопствениците на угостителските објекти, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и членови на туристичка комора побараа од надлежните инситуции да им ја обезбедат бараната финансиска поддршка за спас на овие дејности.
Како што велат тие без соодветна помош постои ризик да бидат затворени овие објекти и неколку илјади работници да останат без работа.