Итно пролонгирање на роковите за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи, е главното барање на сметководителите кои денеска излегоа на протест пред Владата. Официјално барање до Владата испратиле пред една недела но оттаму немаат добиено никаков одговор. Според нив постоечките рокови се куси и речиси невозможно е сите извештаи и завршни сметки да бидат навремено изготвени.

„Очекуваме Управата да ни помогне да соработува со нас да ги сослуша нашите барања, Владата и министерството за финансии од аспект на олеснување на сите и за даночните обврзници и за нас.Рокот што го бараме е 30 дена, значи во услови на пандемија, ние може денеска сме малку тука, но имаме колеги кои што се болни во изолација“, рече Билјана Премуш- овластен сметководител.

– Advertisement –

Покрај ова сметководителите велат дека властите во изминатиот период немаат слух на нивните конкретни барања. По три години ветување сеуште не е формирана работна група за подготовка на ново законско решение со кое точно ќе се дефинира како треба да работат сметководителите а ќе биде и усогласено со европските директиви.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе