Пензионери од Кавадарци протестираа и денеска на кавадаречкиот градски плоштад. Тие ги повторија барањата, линеарно зголемување на пензиите за по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари.
– Протестите ги правиме за да ја подигнеме свеста кон нашите проблеми. Бараме подобар животен стандард за подобри пензионерски денови, рече Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор.
Револтираните пензионери закажаа следен протест во петок и најавија дека тогаш ќе го блокираат излезот од градот кон Неготино.