Шефицата на Основното јавно обвинителство, Вилма Русковска, во изјава за Канал 5 вели дека веројатно е нејзин гласот што се слуша на аудио снимката што вчера протече на социјалните мрежи, но тврди дека е извадена од контекст.

Аудио снимка на која лице со мутиран тон разговара наводно со шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска протече на социјалните мрежи. Во објавената снимка која трае околу минута и половина се зборува за процентот на доверба во судството, а потоа се споменува и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски за кој лицето кое се претпоставува дека е Русковска вели дека го држела два месеца во притвор и го заборавила, за што повторува дека тоа било сторено намерно. Русковска за Канал 5 вели дека најверојатно на аудио снимката е нејзиниот, иако не може да ја потврди автентичноста на снимката..

„Според она што успеав да го слушнам, веројатно јас зборувам, но разговорот е изваден од контекст – вели Русковска..

Русковска вели дека не знае кој ја снимил и кој го објавил разговорот. Единствено претпоставува дека снимката е дел од доставените материјали од бизнисменот Орце Камчев за случајот Рекет, кога и се водела истрагата за 27 април.

„Нема шанса некој да биде “заборавен” во притвор, затоа постојат заштитни механизми. Ако сум рекла “заборавен”, тоа е фигуративно кажано.

Екс директорот на УБК Атанасовски е првостепено осуден на казна затвор од шест години за организација на настаните од 27ми април 2017та. Слуачјот сега е пред апелација, а во истиот осудени во прв степен беа и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски и поранешниот министер Спиро Ристовски… Првообвинет пак беше екс-премиерот Никола Груевски..