Од статија објавена на насловната страна на угледниот грчки весник ,,Естиа” ( страна 41854 11- 1-2021) разбираме дека следниот април во Скопје ќе се одржи референдум со основно прашање за националната припадност. Целта е јасна. Зајакнување на македонската заблуда. Да ги погледнеме податоците за населението пред 124 години, за тие да ни помогнат да направиме што е можно посолидни заклучоци.
Конзулот на Грција во Скопје Г.А. Јанопулус испратил извештај до Министерството за надворешни работи со број 165/31 јули 1896 година. Идентична копија е испратена до амбасадорот на Грција во Константинопол, Николаос А.Маврокордотос. Од овој извештај можеме да направиме заклучоци за етнографијата на Скопје, кадешто отсуствува поимот ,,македонска” нација.
Според конзулот во учебната 1895-1896 година функционирале следните училишта според нивната етничка припадност. Грци: тие располагале со училиште од 5 класови што работи од многу години и што го посетуваат 55 ученици. Има двајца учители по грчки и еден учител по турски јазик. Има училиште за девојки, посетувано од 45 ученички и во кое што работи една учителка. Детска градинка со 110 дечиња и една воспитувачка што работи во детската градинка. Училиштето за девојки и детската градинка се отворени во 1876 година. За училиштата годишно се трошат 225 османлиски лири, кои што се плаќаат од грчката заедница, помогната од комитетот за зајакнување на грчката црква и просвета.
Османлии: Работат општо 5 училишта: Рустие, Едеп, Аскер, Идадие и Муазир Мектеп. Сите тие училишта се отворени во последната деценија со исклучок на училиштето Рустие, кое што постоело и претходно и функционирало како училиште за ученици од погорните класови. Предучилишната подготовка се вршела од имами во дворовите на џамиите. Во петте училишта вкупно учат 650 ученици, вработени се 33 учители, сите Османлии. Училиштата се финансираат од османлиската влада.
Бугари: Работат 5 училишта во кои што се вработени 17 учители и учат 560 ученици од кои 130 се во пансион. Четири од училиштата се предучилишни а едно од нив е Гимназија. Во училиштето за девојки работат 6 учителки а учат 190 ученички од кои 45 се на пансион. Има и 4 детски градинки со 340 деца и 8 воспитувачки. Трошоците за работата на училиштата се покриваат од бугарската влада и бугарската заедница. Приходите на заедницата доаѓаат од храмовите и хиерархиските права на егзархискиот свештеник кој што се финансира дарежливо од бугарската држава.
Духовното движење на Бугарите изгледа највитално а училиштата се раководат под формата на ,,османска и српска организација “.
Срби: Работат 2 училишта за момчиња во кои се вработени 6 учители и учат 120 ученици од кои 90 се во пансион. Од двете училишта едното е предучилишно а другото е Гимназија. Има 2 училишта за девојки со 25 ученички на пансион и вработени 3 учителки. Има една детска градинка со 30 деца и една воспитувачка.
Училиштата се отворени во 1890 година од српската влада којашто води ,, голема духовна борба против нивните ривали Бугарите, користејќи ги нивните чекори на отворање пансиони и собирање на ученички од сите села во македонската ( скопската) епархија, мислејќи дека на таков начин луѓето што говорат бугарски ќе станат Срби”.
Евреи: Имаат училиште за момчиња со 80 ученици и вработени 3 учители . Училиштето е финансирано од еврејската заедница. Нема училиште за девојки, бидејќи Евреите ги испраќаат своите ќерки во грчки училишта.
Католици: Има гимназија со 15 ученици и еден учител.
Во извештајот на конзулот се тврди дека грчкиот правосвештеник во Скопје, Амбросиј Ставринос, е корумпиран и е инструмент во рацете на Србија. Според конзулот тој секогаш работел за влегувањето на грчката во српската заедница, нешто што го постигнал во провинцијата со назначувањето на свештеници и учители. Во Скопје грчката заедница се противи на плановите на архиерејот и продолжува да ги финансира грчките училишта.
Во деталниот извештај на конзулот никаде не се спомнува ,,македонски” етникум, јазик или училиште во реонот на Скопје.
Преземено од грчиот весник Естиа