Директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Ферати, во емисијата „Патот кон“ што вечерва се емитува на Алсат, ги потврди сите прекршоци што првично ги откри АЛСАТ во врска со објавениот конкурс за избор на нов ректор на Универзитетот во Тетово и претходното назначување на Куштрим Ахмети за вршител на должноста. Сепак, тој додаде дека преземањето санкции против оваа институција сега се е во надлежност на министерот за образование, Јетон Шаќири.

„Кај високото образование и со законот кој е во сила ние од 2018 година сме ограничени. Направени се извесни измени и дополнувања на Законот за високо образование каде во случајот со Универзитетот во Тетово, министерот за образование има поголеми надлежности во случај ако се констатираат неправилности. Ние само констатираме неправилности во областа на високото образование“, рече Халит Ферати, директор на Државниот просветен инспекторат.

Инаку и покрај констатираните неправилности, Јетон Шаќири јавно го бранеше Универзитетот, предизвикувајќи опасен преседан за легитимирање на злоупотребите од страна на високообразовните институции. Сепак, Халит Ферати очекува да бидат преземени мерки, додавајќи дека изјавата на министерот е резултат на немањето доволно информации од негова страна.

Дополнително, Инспекторатот, кој според Универзитетот во Тетово не утврдил никаков прекршок во назначувањето на Куштрим Ахмети за в.д. ректор, за што од АЛСАТ дури побараа и извинување, излезе дека всушност било спроведено незаконски и се преземаат мерки.

„Во врска со случајот во Тетово каде пред 3 месеци беше извршена вонредна инспекција од страна на нашиот инспектор и за тој инспектор ќе бидат покренати дисциплински мерки за непочитување на законот и заобиколување на неговата работа како инспектор и ќе преземеме законски мерки“, додава Ферати.

Ферати додаде дека ова не е единствен случај кога одредени инспектори излегуваат дека биле блиски со раководители на образовни институции и со тоа се зголемуваат сомневањата за можна корупција, за што рече дека презел мерки и на сите инспектори им го намалил опсегот на дејствување. Вчера Универзитетот во Тетово објави нов јавен оглас за ректор исклучиво врз одредбите на Законот за високо образование.