Роберт Просинечки демантираше дека е во игра за селекторското место во А тимот на Македонија, откако српски Курир најави дека има договор со ФФМ.
Ваквите натписи ги демантираше и ФФМ, а Просинечки за Јутарњи.хр објасни дека нема никаков контакт и договор за превземање на селекторската позиција на нашата најсилна фудбалска репрезентација.
-Вие сте први кои ми го кажувате ова. Не сум ги читал порталите. Навистина не знам ништо за тоа, ви кажувам, прв пат слушам за такво нешто. Воопшто не сум разговарал со никој од македонската фудбалска федерација. Дома сум во Загреб откако се вратив од Турција, други вести нема, изјави Просинечки.