Економистите велат дека просечната плата во Македонија би била повисока, доколку не се исплатите на црно, а посебно исплатите на македонски граѓани кои работат за странски компании.
Официјалниот податок од Државниот завод за статистика вели дека просечно исплатената плата во државата изнесува 36.390 денари, што е повисок износ за околу 14,2 отсто во однос на истиот месец лани.
Неофицијално, просечната Нето плата кај програмерите изнесува околу 60.000 денари, а некаде се регистрирани околу 15.000 кои земаат плата.
Доколку државата се одлучи да ја тргне оваа дејност, просечната плата би била околу 500 евра. Но, просечната плата сигурно би била повисока ако се мотивираат сите македонски граѓани да ги пријават приходите и вкупниот износ кој го земаат.
Според последните информации, во Македонија од регистрираните програмери, платата од македонските компании ја земаат во денари, но и многу од овие компании се одлучуваат на вработените да им исплатат плата и во крипто валути.
На ваков начин, земјата губи повеќе отколку што добива, сметаат економистите.
Но, со крипто не се плаќаат само програмерите, туку и многу фриленсери кои работат за странски компании, особено преку интернет и тоа се претежно млади луѓе на ворзаст до 25 години. Идејата е да се избегне плаќањето данок, велат луѓето што ги земаат овие пари.
Експертите веќе подолг период предлагаат Македонија да изнајде начини како т.н. црни исплати да ги стави во редовен систем на исплати.
Според дел од граѓаните кои земаат плата во крипто валути или други системи на наплата, преку Pay Pall картички, државата треба, не репресивно, туку мотивирачки да застане во овој поглед.
Можеби данокот од 10% не е превисок за програмерите и за другите работници, но за компаниите кои работат со странство и имаат можност наплатата да ја вршат во крипто, не сакаат да плаќаат данок во државата, бидејќи сметаат дека парите заработени надвор од Македонија не треба да ги пријавуваат во државата.
Според дел од вработените и компаниите кои наплатуваат на ваков начин, предлагаат, малите бизниси, програмерите и оние кои работат на интернет, доколку отворат компанија во Македонија, нивните вработени да бидат ослободени на пример 5 години од голем дел од давачките, а потоа да ги внесат во системот. А, во меѓувреме државата да обезбеди начин на субвенционирање и евтини пари за ваквите компании.
Оние што ги контактиравме велат дека и сега државата има вакви програми, ама мора да ги модификува според потребите на малите и средни компании, особено во делот на ИТ секторот и другите услуги кои имаат можност да се даваат од дома. Само на ваков начин, државата на краток рок можеби би загубила, но среден и долг рок би профитирала.
Игор Мицкоски/Градска.мк