Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29 943 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Транспорт и складирање (13.1 %), Градежништво (12.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли (12.1 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (10.4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.1 %)
и Градежништво (7.6 %).
Инаку, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 44 711 денари.