Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата,Берово, Крушево, Кратово и  Куманово  при што ги констатираше следните состојби :

-Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС

 – Недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност

  -Недоволен број на информатичари во судовите

 -Неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми

 -Нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели

 -Тонското снимање главно не функционира

 Ова се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава.

Министерството за правда и во наредниот период ќе остане да биде транспарентно и ќе ги објавува на својата веб страница сите записници од извршените надзор во судовите.