Ѓорѓи Спасов
Македонија со сите добронамерни и злонамерни проповедници против Договорот за членство во ЕУ се движи во насока да стане Србија од времето на Милошевиќ. Дури и Академијата не заостанува на тој пат.
Некои од нив тоа не сакаат да го видат. Не чуствуваат одговорност. Важно им е само да се “во право”.
Некои од нив со бугарски пасоши ќе не спасуваат од “бугаризација” , други што поставуваат ултиматуми врескаат “Не за ултиматум”.
А трети се толку гласни против “фашизмот” што веќе не можеш да ги разликуваш од фашистите.
Ширењето страв од другите ?од различните ,од Бугарите ,од Албанците ,од ЕУ и од “домашните национални предавници” води директно во создавањето услови за воспоставување режим каков што веќе имавме и од кој едвам се ослободивме.
Овој пат Македонија само од страв да не згреши може да ја направи најголемата грешка.
Лажни патриоти и светци ја превземаат играта. И тие што се против договорот имаат должност тоа да го видат.
Со валканата вода ќе го исфрлат и бебето. Толку им сечи умот. Не гледаат со кого се ујдисале.