Без најава, без да се наведат причината и датумот на следната седница, пропадна и вториот обид за избор на нов шеф на Судскиот совет, една недела откако Весна Дамева беше контроверзно разрешена од функцијата, со образложение дека ги нарушувала меѓучовечките односи.

Судски совет:

„Судскиот совет во Северна Македонија соопштува дека 439-та седница која беше закажана за 02.05.202 (вторник) во 11:00 часот е откажана. За денот на седницата ќе ве информираме преку друго соопштение.“

Фактички, Судскиот совет во моментов е поделен на два табора. Седумте членови кои ја поддржаа иницијатива на заменик-претседателот Селим Адеми и кои гласаа за разрешување на Дамева, сега очигледно тешко наоѓаат осми член, како што предвидува законот за да можат да изберат нов претседател.

За разлика од првиот пат кога немаше мнозинство, овој пат Адеми и неговите колеги не се ни обидоа да ја почнат седницата. На овој начин уште повеќе се зголемуваат сомнежите дека зад сцената се случуваат можни пазарења и политички влијанија во Судскиот совет.

Во моментот кога очите на целокупната јавност се свртени кон оваа институција, потпретседателот Адеми не одговара на прашањата на АЛСАТ.

Прашања упатени до заменик-претседателот Селим Адеми:

– Од која причина денеска беше откажана седницата на Судскиот совет?

– Дали ги имате потребните броеви за избор на нов претседател на институцијата?

– Со оглед на тоа што некои институции критикуваат, а нејзиното разрешување не е објавено во Службен весник, дали сепак сметате дека Весна Дамева е разрешена од местото прв човек на Судскиот совет?

– Како ги коментирате критиките во јавноста за разрешувањето на Дамева и дали имало законско прекршување во таа постапка?

Инаку, Адеми претходно беше висок функционер на ДУИ. Разрешување на Дамева побара во точно време кога требаше да се преземат мерки против судијата од Апелација, Енвер Беџети, кој предметите за Сашо Мијалков ги чувал во фиока сè до нивно застарување.

Функционирањето на судството предизвика меѓународни реакции, а оти состојбата е загрижувачка покажува и малиот број граѓани кои веруваат во независноста на судството. Дури и американската амбасадорка Агелер неколкупати ја изрази својата загриженост.

Две претседателки раководеа со Судскиот совет помалку пет месеци. Пред неколку месеци, Павлина Црвенковска поднесе оставка поради, како што рече, притисок од „деловната и судската елита“, а Дамева беше незаконски разрешена пред една недела.