Полициски службеници денеска извршиле претрес во скопската општина Ѓорче Петров, при што во дом и помошни простории на скопјанец пронајдени се три пакувања со амфетамин, дигитална вага, марихуана и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.
– Денеска во заедничка акција на полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и помошни простории на Љ.Г. (22) во скопската општина Ѓорче Петров. При претресот пронајдени се три пакувања со амфетамин, дигитална вага, марихуана и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.Од МВР наведуваат дека Љ.Г. е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ.
Министерството за внатрешни работи информираат дека и во текот на новогодишните празници продолжуваат со засилени мерки и активности против недозволената трговија со дрога.