Вчера во 19:00 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода М.И.(22) од Неготино.

При контрола во патничко возило „бмв х1“ со луксембуршки национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се три лица мигранти од Кина, додека при дополнителни проверки констатирано е дека табличките припаѓаат на друго возило.

Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Пронајдени тројца мигранти од Кина, уапсен криумчарот, следува пријава е превземен од МАКФАКС.