Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведе специјален пакет за оперативен третман за вратна (цервикална) дискус хернија со промотивен попуст од 20%. Пакетот нуди комплетен третман и рехабилитација на пациентот и во него се вклучени: оперативно лекување, болнички престој, сите потребни лабораториски испитувања, постоперативно следење на пациентот и физикална терапија во спортскиот центар „Премиум“.

Интервенциите ги изведува искусен тим неврохирурзи, со примена на најсовремена медицинска опрема и современи хируршки техники.

„Во Клиничката болница ’Аџибадем Систина’ се користи современа технологија при неврохируршките интервенции на вратниот `рбет, вклучувајќи микроневрохируршка техника, која овозможува висока прецизност и минимална траума, како и имплантација на современи импланти (кејџови), а во одредени случаи и вештачки дискови. Овие методи значително придонесуваат за побезбедна работа, подобра стабилност и побрзо закрепнување на пациентите. Со навремена дијагноза, правилен третман и промена на животните навики, цервикалната дискус хернија е состојба со одлична прогноза и целосно враќање кон нормален живот“, истакнува доц. д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија.

Болката во вратот многу често се потценува и се припишува на замор, стрес или лошо држење на телото. Но кај одреден број пациенти, таа може да биде прв знак на цервикална дискус хернија, состојба која, доколку напредува, може да доведе до сериозни невролошки оштетувања.

Се работи за дегенеративно заболување при кое доаѓа до поместување на интервертебралниот диск и притисок врз нервните корени или ’рбетниот мозок, што може да предизвика болка што се шири кон рамото и раката, трнење, мускулна слабост, па дури и нарушување на рамнотежата и фина моторика.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ e референтен центар за третман на заболувања на ’рбетниот столб. Со високоспецијализиран медицински кадар, континуирани инвестиции во најсовремена технологија и мултидисциплинарен пристап во грижата за пациентите, болницата обезбедува врвни стандарди на безбедност, прецизност и квалитет во лекувањето. Секој пациент добива индивидуално планиран третман, од дијагноза до целосна рехабилитација, со цел брзо закрепнување и враќање кон нормален и активен живот.