Во некогашното основно училиште во Кучково, во Општина Ѓорче Петров, денеска ќе биде означен почетокот на проектот „Приказната продолжува“, со кој овој објект ќе биде реконструиран и преадаптиран во регионален центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер.
Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, на настанот ќе говорат ресорниот министер Ристо Пенов, директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Јане Мицевски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Проектот е поддржан од Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарија, а ќе биде спроведен од Центар за развој на Скопскиот плански регион.
Вкупната вредност на проектот изнесува 23,574,074 денари, од кои 10,380,998 денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, додека пак 8,435,000 денари се обезбедени преку Швајцарската влада, а општината обезбеди 4,758,076, наведуваат од Министерството за локална самоуправа.