Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност.

Во западните делови во претпладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а во источните ќе преовладува посончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Утре во западните делови претежно претпладне ќа има појава на дожд, а потоа следува период во кој ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер, а утринските температури во поголемиот дел од населените места ќе бидат околу нулата и повисоки.