Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од -2 до 4, а максималните од 7 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Минималната темоература во главниот град ќе биде 3, а максималната 13 Целзиусови степени.

Од УХМР информираат дека денеска попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник преку денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. Во понеделник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Текстот Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи е превземен од МАКФАКС.