За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина
(Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување на негативен тест (PCR или Antigen), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.
Доколку лицето ги исполнува услови за влез во Швајцарската Конфедерација, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија, или поточно на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula
Белгиската Влада воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од црвените зони меѓу кои е и Северна Македонија.Поради зголемениот број на нови „Ковид-19” пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од црвената зона. Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест,по пристигнувањето во Белгија од црвената зона,мора да поминат 10дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.
Кога влегувате во Австрија, мора да обезбедите еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележана KОВИД-19, што преставува единствен начин да се избегне карантин (самоизолација) 10 дена, која може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.
Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележанаKОВИД-19. За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 дена, но не повеќе од 360 дена ) пред пристигнувањето.
Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави можете да најдете на веб страната на МНР, поконкретно на следниот линк -https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19