Поради големите гужви кои вчера и денеска се создадоа на границите на Србија со соседните земји, мерката според која е дозволен влез во Србија со негативен ПЦР тест и изолација од 10 дена наместо в недела, ќе стапи во сила од понеделник, 21 декември, потврдено му е на Танјуг од кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ.

Како што се наведува, таа одлука е донесена на вчерашната седница на Владата на Србија, а стапувањето во сила на мерката е одложено од недела за понеделник.

Мерката за влез во земјата ја донесе Владата на Србија на предлог на Кризниот штаб

Новите мерки се однесуваат на влез и на домашните и на српските државјани во Србија.

Странските државјани кои доаѓаат во Србија од понеделник ќе треба да имаат негативен PCR тест не постар од 48 часа. Што се однесува до српските граѓани што влегуваат во Србија, тие ќе треба да имаат или негативен PCR тест не постар од 48 часа или ќе мора да одат во карантин.

Мерките не се однесуваат на оние патници кои се во транзит низ Србија и кои мораат во рок од 12 часа од влезот, да ја напуштат Србија, за транзит за товарниот сообраќај, и за оние патници во пограничните зони на Србија.

Овие мерки ќе важат на граничните премини до 10 јануари.