Поради обилните количества дожд и снег во општините во јужна Србија, во општините Ниш, Лесковац, Дољевац, Бојник, Власотинце, Владичин Хан и Гадџин Хан прогласена е вонредна состојба.
-Дождот престана да паѓа, што е најважно. Реките полека се повлекуваат во нивните водотеци. Имавме најголем проблем со поројните текови и потоци што дури и не постоеја на картите и тие станаа активни поради обилните врнежи од дожд и ги исполнија сите вдлабнатини и места кои веќе долго време постојат како опасност, објасни Племиќ.
Тој посочи дека станува збор за проблем со големо количество врнежи на 8 и 9 јануари, односно снежни врнежи на планините.
Племиќ посочи дека засега ситуација не е критична и не се заканува никаде да биде критична