Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, потпиша указ со кој се прогласува „вонредна катастрофа“ со цел да се сузбие насилството со огнено оружје.
Новата стратегија ќе го третира насилството со огнено оружје како јавна здравствена криза.
“Од ковид пандемија преминавме во епидемија на вооружено насилство. Повеќе луѓе умираат од оружје отколку од ковид”, рече Куомо на прес-конференција.
Куомо најави и формирање на Канцеларија за спречување на вооружено насилство, како и транспарентност во пристапот до полициските информации, така што локалната заедница ќе може да утврди кои се урбаните области и жаришта на насилството.
Усвојувањето на наредбата за „вонредна катастрофа“ ќе им овозможи на државите да ги финансираат локалните заедници и да обезбедат дополнителни ресурси за забрзување на борбата против насилствата со огнено оружје.