Новиот вид на коронавирус, кој со голема брзина се шири во јужните делови на Англија, има необично голем број на мутации, дури 22, тврди британскиот вирусолог Венди Баркли.

Професорката Баркли, шефица на одделнието за Инфективно болести на Кралскиот колеџ во Лондон, за „Би-Би-Си Радио 4“ изјави дека „обично кај вирусот се гледаат една до две промени, но дека новиот вид на ковид-19 има дури 22“.

– Ова е итен знак за паника. Меѓутоа, морам да додадам дека е биолошкои возможно вирусот да се менува на тој начин поради тие мутации – изјави таа.

Професорката нагласи дека сега е најважно да се знае дали вакцините и натаму се поедеднакво ефикасно и против новиот тип на ковид-19.