Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, во гостувањето во „Утрински брифинг“ изјави дека освен реторика за некакви лажни борби против корупцијата нема вистинско поместување. Додава дека корупцијата има различни појавни облици, а она што најмногу ја интересира јавноста е високата корупција која е поврзана, според Калајџиев, со политичката елита, па во надолна линија се до администрацијата
-Се сеќавате дека јавно со години, со насмевка тоа го зборуваше и Љубчо Георгиевски. Мислам дека доаѓаат на власт со желба да делат првилегии и така го делат колачот. Кога имате цела администрација политички поставена луѓето мислат дека со тоа што работеле за партијата, од лепење пплакати па нагоре, дека кога ќе дојдат на власт имаат право на дел од колачот, вели Калајџиев.