„Владата потклекна под притисок на синдикатите, требаше во пакет сите работници да ги земе, буџетарите, 170.000 реагираат, изјави професорот Борче Давитковски во гостувањето во Студио 10 на ТВ24.
Тој воедно додава и ги образложува причините за ова тврдење.
Целиот јавен сектор сите ќе се најдат во оваа ситуација. Требаше во Владата да внимаваат, како што е во приватниот сектор, истото ќе го прават сега и во Буџетот, кога се правеле коефициентите, се одело со минималната плата. Не може само минималната плата да ја зголемите, се кршат закони. Во Македонија има околу 500.000 вработени, не се само 80.000. Ова е врзан круг, требаше да се направи сериозна финансиска конструкција, па ако немаме доволно средства, требаше државата да зема нови кредити. Во минатиот период се префрлаа средства од капитални инвестиции за пандемијата со Ковид, сега и со енергетската криза“ – вели Борче Давитковски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.