Универзитетскиот професор, Борче Давитковски во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека за жал се повеќе градиме партизирана држава. Тој ова го темели врз основа на вработувањата на партиските членови во државната и јавната администрација. Како што вели професорот Давитковси, која партија да дојде на власт, вработува илјадници партиски кадри на раководни функции во админисрацијата.

-Изминатите 30 години кај нас, за жал, некако не успеавме да направиме едно граѓанско општество, држава во која граѓаните ќе ги остваруваат своите права на брз и лесен начин, особено пред органите на администрацијата. За жал, сè повеќе и повеќе градиме една партизирана држава, така што видовме која политичка партија ќе дојде на власт, првите до 3.000 до 4.000 раководни кадри во админситрацијата и пошироко во јавната администрација се менуваат. Тоа е лошо, бидејќи се прави без критериум, партизирано е, и не е добро. Ние имаме европски закони и за сите закони добиваме одлични критики и препораки од европските експерти, но фали имплементација на истите, изјави професорот Давитковски за „Утрински брифинг“.