Целта на посетата на Заев е некако да се оневозможи Бугарија да го одбие она што го сака Република Северна Македонија. Тие не презедоа никакви чекори за да ги приближат до Бугарија и сè уште не разбраа дека патот на Северна Македонија кон ЕУ минува низ Софија, изјави во студиото на „БТВ“ проф. Кирил Топалов, член на Мешовитата комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија за историските прашања меѓу двете земји, пренесува Локално.
„Целата историска наука во Северна Македонија се заснова на лаги и фалсификати. Во Бугарија има многу луѓе кои ја обвинуваат нашата историска комисија дека не ја завршила својата работа. Како да се работи со луѓе кои намерно ги искривуваат историските факти “, додаде тој.
Целиот напис прочитајте го овде.