На денешната онлајн средба на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија се надеваме да постигнеме напредок во однос на учебниците по историја и нивната содржина. Ова го изјави членот на комисијата од бугарска страна проф. Кирил Топалов за бугарската информативна агенција БГНЕС.

Гледаме дека во македонските учебници почнуваат промени во однос на Грција и Албанија. Само тоа што се пишува за Бугарија не се менува. Тоа покажува дека нема желба од македонска страна да се обрне внимание на нашите забелешки и барања. На зборови тие декларираат дека ќе направат промени, но не го прават тоа“, вели професорот Топалов.

Топалов изразува надеж дека членовите на Комисијата ќе го потворат делумниот консензус од пред 2 години, дека царот Самоил создал голема бугарска држава и е претставник на бугарската царска династија.

„Се надевам дека тие ќе покажат малку сознание во однос на националното самосознание на Гоце Делчев, кој секогаш себе си се е сметал за Бугарин“, додава Топалов.

Тој подвлекува дека Бугарија инсистира на вистинотоста на историските факти, но тие по никаков начин не го рушат македонскиот идентитет од 1944 г.

„Ние не го негираме тој идентитет. Македонската држава постои, макар и да е создадена од Тито и Коминтерна. Но ние не можеме да признаеме небугарски идентитет на народот и на јазикот до 1944 г.“, категоричен е Топалов.