„Потврдената позиција на Консултативниот совет не е изненадување за никого. Истата од страна на Скопје повеќе од две години се претставува како неевропска и ветото како неоправдано. Од наша страна секако дека тоа ја преминува границата на нормалниот дијалог и оди во доменот на инсинуациите и обвинувањата, кои не водат никаде“, изјави за БНР проф. Ангел Димитров, копретседател на Заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања.

„Нема ништо балканско во бугарската позиција. Таа ги штити европските принципи и вредности, европските стандарди“, рече тој.

Според него, кога се зборува за надградба, нешто за што зборува бугарскиот премиер Кирил Петков, истата може да се случи само врз нешто што е стабилно и трајно, каква што е бугарската позиција по темата за РС Македонија.

„Северна Македонија воопшто не размислува за потребата од промена на нешто во својата позиција и останува фиксирана во она што го видовме во последните 4 години – формален однос кон Договорот за добрососедство и неговата перцепција како билет за влез во ЕУ, како и нетолеранција кон потсетувањето дека нешто треба да се смени во постулатите на историската интерпретација, кои водат до современите ставови за моделирањето на односот кон Бугарија“, коментира проф. Ангел Димитров.

Според него, во блиска иднина нема како позицијата на Бугарија да се промени и Софија да даде зелено светло за почеток на преговорите РС Македонија за влез во ЕУ.

Проф. Димитров истакна дека има промена во однесувањето на неговите колеги од македонскиот дел на комисијата по приемот на РС Македонија во НАТО:

„Тие одлучија дека патот веќе им е расчистен и дека нема потреба дури да се имитира било каква промена во толкувањето на минатото. Оттогаш работата на Комисијата е во застој.

Историчарот најави дека следниот состанок на Мешовитата бугарско-македонска комисија ќе биде на крајот на февруари.

Извор: Трибуна