„Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во можност, бидејќи нема постигнати резултати. Веќе две години не можеме да зборуваме за резултати“, изјави копретседавачот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања од бугарска страна, проф. Ангел Димитров, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Се надевавме дека нешто може да се промени. Направивме така што да мо да може да се постигне договор, но вчера попладне нешто се смени и нашите колеги од РС Македонија се вратија на старите позиции. Нашите колеги не можат дури да ја допуштат мислата за заедничка историја и за она што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство“, рече проф. Димитров.

Тој соопшти дека оваа година иако има кружна годишнина од издавањето на зборникот на браќата Миладиновци, неговите колеги од македонска страна не покажале желба за заедничко чествување на овие две извонредни историски личности.

„Нашата желба да излеземе од ќорсокакот декларативно е поддржана од нашите колеги, во јавност се изнесуваат нешта што немаат ништо заедничко со работата на комисијата“, рече историчарот и посочи дека не гледа желба од страна на учесниците во комисијата од македонска страна.

Проф. Димитров најави дека дури е ставено под знак прашалник договореното за Гоце Делчев.

„Излегува дека нашите колеги се плашат. Тие како да сакаат да го игнорираат биографското“, додаде проф.Димитров.

За жал, сите наши обиди да направиме чекор напред застанаа пред ѕидот на имитацијата на сериозна активност. Декларативните тврдења од страна на РС Македонија тонат во јамата на немањето желба ископана од самите нив“, заклучи тој и посочи дека има причини за промена на нивниот став.