Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа со 0:1 на гостувањето кај Барнли во одложениот наптревар од првото коло и избија на лидерската позиција на табелата пред големото дерби со Ливепрул.
Победничкиот гол беше дело на Пол Погба кој во 71. минута од ивица на шеснаесетникот со одличен волеј удар го совлада голманот Поуп. Барнли имаше шанси во финишот да израмни, дури во три наврати сериозно се закани, а судијата Френд еднаш се консултираше со ВАР собата дали имаше пенал за домашниот тим.
Со победата, Јунајтед изби на првото место на табелата со 36 бода, три повеќе од Ливерпул, кој ќе биде нареден противник на „црвените ѓаволи“ за пет дена.
Еевртон со 2:1 го совлада Вулверхемптон и се искачи на четвртото место на табелата со три бода помалку од лидерот Јунајтед. Евертон поведе во шестата минута со голот на Алекс Ивоби, но осум минути подоцна израмни Рубен Невеш. Голот на одлука го постигна Мајкл Кин во 77. минута.