Антивладините протести продолжија и денеска низ улиците на иранските градови, со видео-снимки на демонстранти од улиците на градот Карај, североисточно од Техеран.

Со протестни собири низ улиците, граѓаните на Карај ја одбележаа 40-дневната жалост за Хадис Наџафи, млада жена за која се тврди дека била застрелана и убиена од безбедносните сили на 21 септември. Властите во Иран отфрлија одговорност за нејзината смрт.

Иранските сили за безбедност насилно ги разбиваа масовните демонстрации низ земјата предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, кој почина откако беше притворена заради непридржување кон испамскиот кодекс на облекување.

Според активистите за заштита на човековите права, оттогаш се убиени повеќе од 280 луѓе, а повеќе од 14 илјади се уапсени.