Во Основниот суд во Струга денеска продолжува судскиот процес за случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породување во струшката болница остана без бубрег, јајник и матка.
На последното рочиште, одржано во април, судот го одби барањето на одбраната за ново супервештачење, со образложение дека веќе изработеното е согласно законот. На денешното рочиште е предвидено сослушување на супервештаците.
Обвинението ги товари тројцата лекари за тешки дела против здравјето на луѓето. Судењето трае веќе трета година и е проследено со бројни одлагања, враќања на постапката на почеток, како и промени на судии и обвинители.
Според законските рокови, случајот застарува во текот на идната година.