Спасувачките екипи продолжуваат во потрагата по жртви во урнатата станбена зграда во Флорида, откако беа активирани низа експлозии со цел да се урнат нестабилните остатоци од зградата. Екипите веднаш започнаа со расчистување на новите остатоци за спасувачите да можат да ја започнат својата операција која беше запрена во поголемиот дел од викендот.
Поголемиот дел од зградата близу Мајами, се урна во раните утрински часови на 24 јуни. Бројот на потврдени мртви изнесува 24. Други 121 се водат за исчезнати и се претпоставува дека се мртви.
Зградата во Сурфајд беше урната додека тропската бура Елза се движеше кон Флорида со ветрови со јачина од 95 километри на час. Градоначалничката на округот Мајами-Даде, Даниела Левин Кава изјави дека спасувачките активности ќе продолжат по уривањето.