Продолжува штрајкот во училиштата и градинките што го организира СОНК, претседателот на СОНК Јаким Неделков утринава за емисијата Здраво Македонијо на Канал 5 изјави дека членовите на синдикатот не се согласувале со висината на предлогот на владата за зголемување на платите од 10 проценти.

Рече дека се надева оти до крајот на неделава ќе се изнајде решение за децата да се вратат на училиште.