Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрина, на лице место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица на Армијата „Волци“, како и припадници од Полициската станица Велес, со цел продолжување на потрагата по 16-годишното девојче кое вчера потона во реката Вардар, во близина на селото Уланци, општина Градско.
Пријавата била поднесена од сестрата на девојчето која била присутна на местото на настанот, а малолетничката потонала во Вардар со 26-годишна девојка која подоцна беше пронајдена жива.
Како што соопшти ЦУК, акцијата денеска се одвива во координација и со зголемено присуство на терен./ Макфакс