На денешната владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата во врска со одлуката за продолжување на постапката за основање на Туристичка развојна зона „Сарај – Езеро Треска“.

-Владата на Северна Македонија одлучи дека постапката за основање на Туристичка развојна зона „Сарај – Езеро Треска“ ќе се спроведува согласно Законот за туристички развојни зони со уредени погодности за инвестирање во проекти со посебна намена, соопшти владината прес-служба.