Доколку денеска во Собранието има 61 од вкупно 62 пратеници од мнозинството, според најавите, не е исклучено спикерот Талат Џафери да закаже, во меѓувреме, продолжение и на некои од старите седници, за да може да се донесат закони за кои е завршена расправата
За денеска во Собранието е закажана 39. седница на чиј дневен ред се наоѓаат 31 точка, од кои првата е предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање мигранти и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на ковид и спречување на негово ширење.
Како последна точка е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од Зијадин Села, Африм Гаши, Скендер Реџепи, Елми Азири, Сурија Рашиди, Халил Снопче, Илире Даути, Сафије Садики Шаини, Атнан Незири, Абдула Салиу, Артина Ќазими и Хусни Исмаил.