Во ексклузивна вест порталот Алмакос, од внатрешни извори од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија дознава дека уште еден висок руски дипломат е депортиран во септември.
А.Г. втор секретар, ја напушти Македонија иако мандатот му завршува на 31.12.2022 година.
Ова е направено поради големиот притисок врз него и во „договорена“ тишина ја напуштил земјата.
Инаку, А.Г. како втор секретар, мандатот во Северна Македонија го започна во септември 2019 година.
Пред извесно време, порталот Алмакос објави дека уште еден руски дипломат е депортиран од Северна Македонија поради несоодветни дипломатски активности и дејствија.
Македонија ја напуштил и заменикот воено аташе А.Ш., кој според изворите на Алмакос извршил несоодветни дипломатски дејствија.
Дипломатската војна која Русија се обидува да ја прошири во северна Македонија се засили, особено по членството на Северна Македонија во НАТО.